Veleposlaništvo RS Skopje /Novice /
04.11.2009  

Ден на дрвото - засади ја својата иднина!

По повод претстојната масовна акција за пошумување на Република Македонија, Амбасадата на Република Словенија во Македонија и Граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!„, имаат чест и големо задоволство да Ве поканат на четвртото јубилејно засадување на садници, кое нашето здружение го одржува традиционално со амбасадорите на странските земји во Македонија.

За првпат оваа година, иницијативата за еколошка соработка доаѓа од Н.Е. Алаин Бриан Бергант, Амбасадор на Република Словенија во Македонија, кој предложи новото засадување на садниците да се одвива на регионалниот пат кај с. Бистренци, по стационажа од осум километри.

По тој повод, Ве покануваме на заедничко симболичко засадување на садници на 9-ти ноември 2009 во 12:00 во Демир Капија.

Се надеваме дека овој гест на еколошка соработка со секоја амбасада ќе прерасне во традиционален.

Со почит,

Н. Е. Ален Брајан Бергант - Амбасадор на Република Словенија

Здружениe на граѓани - Борис Трајанов Македонија, Претседател

Ден на дрвото – засади ја својата иднина

______________________________________________________________

Кодекс на облекување: неформален.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на телефоните:

02/ 3296 750     и     02/ 3223 135